Македонија
12. April 2016 - 22:58

Протест пред седиштето на СДСМ

Група граѓани вечерва се собраа пред седиштето на СДСМ протестирајќи поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов со која се извршува општ прекин на сите постапки против политичари.

Граѓаните, што дојдоа пред седиштето на СДСМ, велат дека се револтирани од одлуката за помилување на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и на Зоран Верушевски. 

Протестот засега се одвива мирно, а седиштето на СДСМ го обезбедуваат припадници на полицијата.