Балкан
19. September 2016 - 23:37

Протест пред седиштето на албанските социјалисти

Пред седиштето на владејачката Социјалистичка партија, каде парламентарната група одржува седница, поголем број граѓани вечерва протестираа против донесувањето на предлог- законот за увоз на отпад.

Овој прелог-закон се очекува да биде изгласан во четврток на седницата на Парламентот.

Инаку, со вечерашната седница на парламентарната група раководи партискиот лидер и премиер Еди Рама.

Граѓаните, според порталот Албеу, го потсетуваат Рама на неговите предизборни говори во 2013 година кога ветуваше дека нема да дозволи увоз на отпад, пуштајќи ја снимката од говорот, која ечеше низ целото пошироко подрачје.

На седницата на парламентарната група на социјалистите, тема на расправа се и законот за реформите во прависудството и законот за безбедносни камери.