-->
-->
Протест пред „Повардарие“поради неисплатени обврски кон лозарите
-->
Лозари денеска протестираат пред винарската визба „Повардарие“ од Неготино, поради неисплатени обврски од страна на винарницата.
- Всушност станува збор за блокада. Блокирани се двете капии на винаријата и не дозволуваме влез или излез на било каков имот на винарската визба. Овој протест легално е пријавен во полиција. Работата е што не го почитуваат договорот што е потпишан, има луѓе со неисплатени обврски од 2014 година, рече Илија Јанчев, член на Иницијативниот одбор за протестот.
Според него, протестот не е политички и тие само бараат да бидат исплатени.
Јанчев вели дека се обратиле и до „Повардарие“, но оттаму засега немаат излезено со став за најновиот протест на лозарите пред нивните капии
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада