Македонија
5. March 2016 - 16:27

Протест пред МВР поради двојните аршини на Спасовски - Се бара оставка од министерот

Илјадници граѓани предводени од Светскиот Македонски конгрес протестираат против двојните аршини на полицијата предводена од Техничкиот Министер, Оливер Спасовски.

Луѓето кои ги сквернавеа темелите на крстот во Бутел не беа уапсени од полицијата, Спасовски не само што не направи ништо за да го заштити крстот, туку и нареди на полицијата да отстапи пред вандалите – обвинуваат демонстрантите.

Истите луѓе кои го предводеа вандализирањето на темелите во Бутел, пред неколку дена го претепаа и Тодор Петров. Тој вели дека нема да поднесе приватна тужба против Бекир Асани за наподот, иако полицијата предводена од Спасовски до сега не направи ништо за расветлување  и на овој случај.

Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес најави дека организацијата за православникот празник прочка, во име на соживотот, ќе донира и споменик од основоположникот на албанската православна црква кој ќе биде поставен покрај крстот во Бутел.

Помеѓу демонстрантите присуствуваа и десетици интелектуалци и политичари. Тие прашуваат дали последното сценарио на Спасовски е поврзано со неговиот советник Едмонд Адеми кој на фејсбук повика на крвопролевање во Македонија.

Полицијата не реагираше кога активистите на ДУИ ја урнаа оградата околу крстот во изградба, но затоа синоноќа ги спречи граѓаните на Будел да протестираат против запоседнувањето на просторот.

Синоќа, пак ДУИ објави дека го повлекува кампот кој беше стациониран на кружниот тек каде треба да никне крстот. Од ДУИ посочија дека ова го прават од почит кон сограѓаните македонци за денешниот празник Задушница за кој не скаат да предвикаат меѓуетнички тензии со луѓето кои ги посетуваат гробовите на своите блиски од Бутел. Од најголемата албанска партија истакнаа дека проблемот треба да сеши во стилот на рамковниот договор со бадентер.

Утринава дел од медиумите пишуваа дека владата ја повлекла одлуката да се гради крст. Од прес службата на владата ја демантираа информацијата, рекоа дека не ни имало седница, а од друга страна поставувањето на крстот е одлука на општина Бутел.