Македонија
23. March 2023 - 16:31

Протест поради изградбата на зграда во заштитена зона во Охрид

Група граѓани од Варош повторно го кренаа својот глас тие бараат да се стопира градбата на четвороспратниот објект во заштитената зона на само неколку чекори до Завод и Музеј. 

Револтирани велат дека и покрај заложбите  за заштита на Охрид под Унеско надлежните продолжуваат да го кршат законот за старото  градско јадро.

Со изградба на вакви објекти се менува визуленоста и каскадноста во овој дел од градот. Жителите велат дека институциите се селективни некои моќници може да градат висококатници, а на некои не им е дозволено да имаат ни граражи.

Жителите стравуваат дека градбата која ја нарушува автентичноста може да предизвика и појава на свлечиште и оштетување на патот од тешката механизација и нарушување на статиката на околните куќи.

Од Завод и Музеј пак велат дека објектот ги има потребните документи за градба согласно планот за управување со културното наследство.

За жал ова не е единствениот ваков објект во Варош. Граѓанските активисти посочуваат дека најголемиот проблем согласно препораките на Унеско е претераната урбанизација која го деградира градот.