Македонија
2. September 2017 - 20:26

Протест на здружението „Тврдокорни“ во Скопје

Во организација на граѓанското здружение „Тврдокорни“ попладне во центарот на Скопје се одржа  мирен протест, преку кој беше побарана аболиција на, како што наведуваат од здружението „уставобранителите“.

- Имаме четири прашања кои се важни, аболиција на нашите уставобранители, законот за јазиците, миграцијата и бугаризацијата, изјави Драган Угриновски, претседател на здружението „Тврдокорни“.

Протестот, проследен со полициско обезбедување, почна пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ и продолжи пред Владата и Собранието и Споменикот на бранителите.