Македонија
24. September 2018 - 16:27

Протест на затворската полиција - синдикатот доби ветување дека нивните барања ќе бидат исполнети

Наталожените проблеми во затворите - причина припадниците на затворската полиција да ги блокираат улиците низ Скопје, барајќи подобрување на условите во кои работат. Протестот вроди со плод.

Чуварите на редот во затворите успеаја да издејствуваат средба со министерката за правда Рената Дескоска, по која добија ветување дека нивните ќе бидат исполнети.

Од Синдикатите кои го организираа протестот бараат подобрување на Колективниот договор, промени во Законот за санкции, односно зголемување на платите, како и дополнителни вработувања.

Од затворската полиција велат дека ова важи за сите 12 затвори низ државава, но најкритично, како што потенцираат, е состојбата во затворот Идризово, каде што чуварите се соочуваат и со безбедносни проблеми.