Бизнис
1. February 2019 - 21:10

Протест на вработените во ЗК Пелагонија во Битола

Вработените во Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ денеска протестираа заради неисплатени плати. Велат дека последно зеле дел од платата за ноември. Денешниот е предупредувачки протест, велат тие. Денеска нема застој во работата, но ако не им се исплатат платите нема да работат.

-Му даваме рок до среда, ќе стапиме во вистински штрајк. Ова е предупредувачки, а после ќе стапиме во вистински штрајк, што значи непочитување на работите, ќе има фарми каде луѓето нема да молзат, нема да хранат. Денес застој во фабриката за сточна храна и фабриката за биогас и фармите нема.

-А сето ова го правиме од незадоволство, кога ние би биле исплатени со платите, тековно сета работа ќе оди како што треба.

-К-15 не им е исплатено 3 години, плус не ни даваат и општествен а исхрана, а ме тераат да работиме по 12-14 саати. А годинава имаше производство чудесија. Имаше 12-14000 хектари пченка посеано, тоа се 10 тона просек по хектар, тоа го нема никаде. И да немало пари за 300-400 вработени овде, не знам што се случува.

Според финансиски директор на ЗК „Пелагонија“, дел од ноемвриската и цела декемвриска плата ќе се исплати.

-Можам да кажам со сигурност дека влеговме во потпишување договор со сите банки и доверители, пред 3-4 дена официјално беше потпишан, а вчера банките и доверителите пристапија кон деблокада на сметките. Денес комплетно ќе биде завршена работата и платата ќе биде исплатена. Ќе биде исплатена плата за 12 месец и дел од остатокот за 11 месец, ќе остане само една третина од 11 месец која за релативно брзо време ќе биде исплатена.

Во ЗК „Пелагонија“ работат околу 500 работници.