Бизнис
6. March 2018 - 16:24

Протест на вработените од Еурокомпозит пред Владата

Вработените од Еурокомпозит ги радикализираа протестите. Од автопатите се преселија на улиците во метрополата. Протестот го почнаа од пред зградата на ССМ, продолжија до Собранието и завршија пред Владата. Од Прилеп дојдоа до Скопје да си ги побараат 16 заостанати плати кои тешко ги заработиле. Велат цел живот работат во погон за  месечно да добиваат 4.000 денари. Ги прашаа надлежните како да  преживеат со овие средства  и кој би ги вработил  на овие години.

- Ако не да кажат формула некоја стручниве лица овде како да преживееме со 4000 денари месечно. За што да ги дадеме за струја јадење..., вели вработен.

Дадоа ветување дека ќе најдат решение за ваквите сучаеви, рече вработен во Еурокомпозит

Откако го запоседна просторот пред Владата успеаа да издејсвуваат и средба со вицепреиерот Анѓушев. Добија ветување дека до петок ќе им биде испалтена една плата во висина на просечната, а  од понедленик да се вратат на работа. Интерес за фабриката имало и од нов инвестиор кој ќе има обврска да го реши проблемот со заостанатите плати - од претходните години.

Месечно за плати на овие лица потребни се околу 100 илјади евра. Тие немаат добиено пари за 2013 и 2017 година, а придонесите не им се платени шест години.

Фабриката моментално не работи  и има  долг од над 5 милиони евра. Во прилепската фабрикат работата 260 лица.