Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред РКЕ - инницијатива до Уставен суд за исклучените граѓани од електричната мрежа
Надлежните да не може на граѓаните да им ја исклучат струјата поради неплатени сметки-ваква иницијатива ќе поднесе ВМРО-ДПМНЕ до Уставниот суд. Од партијата велат дека пристапот на Регулаторната комисија кој граѓаните е дискриминирачки, а власта не превзема ништо во однос на овој проблем.
Од СДСМ пак велат дека подобро е Мицкоски да си поднесе оставка, наместо да организира протести на кои не се појавува.
Наместо да организира „протести“ на кој и самиот не се појавува, Мицкоски треба да си го одржи ветувањето пред избори и да поднесе оставка затоа што ниту победи на изборите, ниту формира Влада. Граѓаните одамна не му веруваат ниту нему ниту на нереформираното ВМРО-ДПМНЕ кои не знаат ништо друго освен да бранат криминал и да делуваат деструктивно на штета на интересите на граѓаните.
Опозицијата протестира веќе два месеци. До сега повеќе пати протестиратат против поскапувањето на струјата. А го изразија и своето незадоволство поради злоупотребата на еворпските пари, еворинтеграциите, Гоце Делчев, неправдата и реваншизмот.
-
Елена Милошевска
Сите содржини од овој новинар