Македонија
9. September 2020 - 21:33

Протест на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Скапа струја сиромашен народ“ - Мицкоски упати 3 барања до Владата

Три барања до власта упати лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од протестот против поскапувањето на струјата. Враќање на старата цена на електричната енергија, професионализација на комисијата за енергетика и викенд без ДДВ.

Во својот говор, Мицкоски покажа фотографија од претседателот на регулаторната комисијата за енергетика и обвини дека Марко Бислимовски е директно одговорен за поскапувањето на струјата и смета дека е слуга на власта.

Мицкоски најави дека освен со протести, битка со новата влада ќе води и во собранието, за како што рече да престанат неправдите врз граѓаните кои ги нанесува власта.

ВМРО-ДПМНЕ најави нови протести и за следните денови, кои како што најавиа од партијата ќе се прошират низ целата држава.

СДСМ, протестот на опозицијата го нарече дебакл, со кој нереформираната ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажала дека знае само за деструкција.

Лицемерно е човекот кој беше вклучен во стопроцентно зголемување на електричната енергија, кој беше одговорен за укинување на евтината тарифа на струјата и човекот кој доби бизнис со хидроцентрали од владата во кој бил советник, денеска да глуми загриженост за цената на струјата. Се вели во партиско соопштение од СДСМ.

Од регулаторна велат дека протестот е легитимен начин на изразување револт но според нив тој политичка позадина па најавиа дека за тоа ќе ги информираат дел од амбасадите во земјава.