Протест на улиците на Берн против Федерер
Сонародниците на Роџер Федерер протестираа против легендата на тенисот. Митингот на централниот плоштад во швајцарската престолнина Берн имаше за цел соработката на спортистот со „Кредит Свис“, која пак финансира развој на нови нафтени полиња.
Швајцарските навивачи маршираа низ главните улици со плакати на кои пишуваше: „Роџер, разбуди се!“. Асоцирањето на Федерер со банката стана светска вест претходно оваа година кога младата анти-климатска активистка Грета Тунберг го коментираше на Твитер неговиот спонзорски договор.
Банката продолжува со дупчење и уништување на шумите во сливот на Амазон. Затоа, демонстрантите ја повикаа спортската ѕвезда да ги прекине сите врски со предметната банка.
– Влијанието и заканата од климатските промени ги сфаќам многу сериозно, особено кога моето семејство и јас отидовме во Австралија по уништувањето на пожарите, рече Федерер во изјавата.
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид