Балкан
1. April 2016 - 14:55

Протест на студентски активисти на Белградскиот универзитет

Активисти на српското движење Студентски фронт денеска зазедоа една од салите во Ректоратот на Белградскиот универзитет, со барање властите да се откажат од најавените измени на Законот за високо образовение, со кои, според нив, се укинува студирањето во државните квоти и се воведува линенарно кофинансирање на студиите.   

Според претставниците на Студентскиот фронт, како што јави Танјуг, со измените се дискриминираат студентите од материјално загрозените општествени слоеви, односно „се дискриминираат најголем дел од младите во Србија“. 

Тие сметаат дека законските измени претставуваат „дополнителен чекор кон целсона комерцијализација на образованието и негово претвирање во привлегија на богатите“. 

Студенсткиот фронт соопшти дека заземањето на една од салите на Ректоратот од страна на неговите активисти претставува „чекор во одбрана на автономијата на Универзитетот“, која, како што тврдат, досега повеќепати била повредена.

Активиситте на движењето најавија понатамошна борба со „сите цивилизирани средства“ против уривањето на квалитетот на образованието и загрозувањето на автономијата на научно-образовните институции, каде, според нив, се спроведува „индоктринација на студентите и претворање на факултетите во полигон за промоција на официјалните претставници на ЕУ и НАТО“.