Протест на студентите во Штип - го искажаа незадоволството на насилното имплементирање на деструктивните политики | Сител Телевизија
Македонија
20. March 2018 - 17:36

Протест на студентите во Штип - го искажаа незадоволството на насилното имплементирање на деструктивните политики

Студентите од Унивезитететот „Гoце Делчев“ со мирен протест го искажаа незадоволството од, како што велат, насилно имплементирање на деструктивни политики кои се закана за стабилноста на општеството и повикаа на отпор против разнебитување на земјата. Тие порачаа дека никој нема право да ја уништува нивната иднина, а народот да го дели по секаква основа и да ги нарушува интегритетот.

Насилното воведување на т.н. „Закон за употреба на јазиците“ значи маргинализација на помалите етнички заедници, укинување на нивните јазични права и компромитирање на идентитетите на секој етникум, а посебно македонскиот-изјави Борис Симоновски, студент на УГД-Штип

Студентите ја повикаа актуелната власт да работи на решавање на актуелните проблеми со кои се соочуваат секојдневно, а не да преговараат за промена на името.

СТОП за преговорите за името. Нема преговори, името е Македонија-изјави Петар Костадинов, студент на УГД - Штип

Ги повикаа нивните колеги од целата земја, масовно да ги поддржат на 30 –ти март, за кога е закажан протестниот марш во Штип, на кој ќе побараат забрана за воведување на двојазичност во институциите и одбрана на уставното име.