Балкан
1. јуни 2016 - 15:52

Протест на романските учители за поголеми плати

Над 10.000 учители денеска излегоа на улиците на Букурешт за да изразат незадоволство од предлогот за плати поднесен од Министерството за труд.

Демонстрантите скандираа „Засрамете се“ и „Оставете го образованието на учителите“.

- Дојдовме до таму да бараме друга работа, бидејчи од платите во образованието не можеме да живееме, изјави еден од демонстрантите.

Протестот е поради пропаднатите преговори меѓу романската Влада за платите во образовната сфера, како и другите неисполнети барања на синдикатот. Демонстрантите бараат минимум шест проценти од бруто домашниот производ годишно за образованието.

Владата неделава предложи зголемување на платите на учителите за пет отсто, додека синдикалниот лидер Симион Ханческу наведе дека тие бараат зголемување за 20 проценти.

Платата на романските учители е од 1.100 леи (275 долари) до 5.000 леи (1.250 долари).

Министерот за труд Драгош Паслару изјави дека протестот е поолитички мотивиран пред локланите избори што се закажани на 5 јуни.