Балкан
25. July 2017 - 14:57

Протест на пожарникари во Атина

Грчки пожарникари, од кои некои носеа целосна опрема, денеска протестираа пред грчкиот Парламент со барање да се вработат 1.320 нивни колеги кои имаат краткорочни договори.

Пожарникарите бараат да бидат исклучени од списокот на професиите во кои се замрзнати нови вработувања, со кои се опфатени и некои безбедносни служби и служби за одржување на јавен ред.