Македонија
11. September 2020 - 19:47

Протест на опозицијата во Скопје - се бара враќање на пониска цена на струјата и одговорност од Регулаторна

Со еден час блокада на сообраќајот пред Регулаторната комисија за енергетика ВМРО-ДПМНЕ ги продолжи протестите против поскапувањето на струјата. Барањата остануваат исти. Враќање на старата цена и оставка на претседателот на комисијата Марко Бислимовски. Нив опозицијата се обиде и писмено да му ги достави на регулаторот но наидоа на затворени врати

Мисајловски вели дека опозицијата останува на улица но кога точно ќе се организира следниот протест вели дека ќе зависи од постапките на власта.
Од власта велат дека барањето на ВМРО-ДПМНЕ за поевтинување на струјата е лицемерно.

„ВМРО-ДПМНЕ лицемерно ги манипулира граѓаните и бара намалување на цената на електричната енергија, која за време на своето владеење ја поскапи за 100%, и како тоа да беше малку, дополнително силно удри по џебот на граѓаните со укинување на евтината тарифа на струјата.“ – стои во писменото соопштение на СДСМ

Со став во медиумите се јави и првиот човек на Регулаторна. Вели протестите се легитимен демократски чин но тој смета дека ВМРО-ДПМНЕ врши притисок врз него и неговата институција за која тврди дека е независна.

Регулаторната комисија за енергетика веднаш по изборите ја зголеми цената на струјата за 7,4% што предизвика серија протести и на повеќе невладини организации и синдикати.