Македонија
30. November 2018 - 14:08

Протест на „Македонија блокира“ утре во 12 часот пред Собрание

Иницијативата „Македонија блокира“ утре во 12 часот ќе одржи протест пред Собранието.

Поради тоа, од МВР информираат дека ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот, односно истиот ќе биде пренасочен на улицата 11 Октомври и улицата Димитрие Чуповски, потоа на потегот од крстосницата помеѓу улицата Димитрие Чуповски и улицата Даме Груев до крстосница помеѓу улицата 11 Октомври и улицата Филип Втори Македонски.