Македонија
29. March 2016 - 13:48

Протест на кочанските оризопроизводители од „Бело злато“ кај Облешево

Членови на Здружението  на оризопроизводители „Бело злато“ од Кочани денеска во периодот од 11 до 12 часот ја блокираа едната лента на патот Штип-Кочани кај Облешево, незадоволни од откупната цена на белиот ориз и оризовата арпа.
 
- На предходниот протест пред две недели укажавме на состојбата со откупот на арпата и белиот ориз. Бидејки од тогаш до денес немаме одговор, денешниот протест е со цел  да се надминат состојбите со откупот на арпата и белиот ориз пред стартот на пролетната сеидба на оризовата култура, истакна Зоран Борисов, потпретседател на Здружението „Бело злато“ од Кочани.
 
Тој посочи дека  90 проценти од оризовата арпа од минатогодишната реколта стои неоткупена во амбарите на земјоделците.
- Белиот ориз се откупува инцидентно по цена од 35 денари за килограм, а арпата од турските сорти ориз по цена од 12 денари за килограм, реше Борисов.
 
Оризопроизводителите од Кочанско на денешниот  протест во Облешево побараа  интервентен откуп на ориз од страна на  Владата за државните резерви.