Македонија
9. December 2015 - 14:11

Протест на гевгелиските таксисти, бараат вклучување во транспортот на мигрантите

Здружението на лиценцирани такси превозници „Авто-таксисти“ од Гевгелија утрово во 10.00 часот започнаа протест и блокади, кои, најавуваат, би траеле секојдневно, се до исполнување на нивните барања за вклучување во транспортот на мигранти од Гевгелија за Куманово.

МВР денеска соопшти дека со своите такси возила и жив штит вршат блокада на железничката пруга, на делот пред железничкиот мост на Сува Река, со блокада на возовите кои се упатуваат до Прифатниот центар за мигранти и блокирање на влезовите за патничкиот сообраќај на Гевгелија.