Македонија
22. јуни 2022 - 19:41

Протест на дуќанџиите од ГТЦ

Недомаќинско управување на АД ГТЦ, куп натрупани трошоци и други бројни проблеми, беа причина денеска дуќанџиите од Градскиот трговски центар да излезат на протест пред Владата.

Едно од најважните барања им е да плаќаат струја колку ќе потрошат, да имаат договори за парно греење со лиценциран снабдувач, а времено затворените дуќани да се исклучат од системот.

Бараат од Владата да им ги исполни барањата, бидејќи таа го поставува менаџерскиот тим, но ако нема решени ќе продолжат со протести.

Од менаџментот на ГТЦ пак велат дека во моментов најевтина струја има токму во трговскиот ценатр, односно 100 евра од мегават час. Ова ќе важи до декември додека важи договорот со ЕСМ.

Инаку токму во подрумите на ГТЦ лани беше спроведена полициска акција поради сомнеж за злоупотреба на струјата за копање на криптовалути. По овој настан ГТЦ и ЕСМ потпишаа нов договор, а сметката за струја оваа година е преполовена.