Македонија
30. September 2019 - 12:09

Протест на членовите на независните синдикати на полицијата

Мирен протест утринава на патот пат Прилеп – Градско, На излезот од Прилеп кон Скопје одржаа членовите на независните синдикати на полицијата, шумската, затворската и судската полиција од Прилеп, Битола, Демир Хисар, Македонски Брод и Крушево.

Нивните главни барања се покачување на платите за 25%, признавање на репрезентаивноста на независниот синдикат на полиција, нов колективен договор за МВР, итно спроведување на колективниот договор за шумската полиција и изготвување на посебни колективни договори за судската и затворската полиција.

„Во изминативе години ние и целата јавност бевме сведоци на некооперативноста и игнонорантскиот однос од страна на надлежните институции и органи. Заради нашиот јавен и транспарантен настап за активностите и барањата и обелоденување на конкретните состојби во кои се наоѓаат работниците членовите на погоре споменатите синдикати се под енормни притисоци од страна на надредени кадри со цел отчленување и намалување на члентвото“, истакна Николче Кирковски, претседател на синдикална организација на независен синдикат на полиција од СВР Битола.

Иако со години ги имале овие барања велат дека надлежните останувале глуви. 

Сега бараат нивно итно исполнување во целост.

„Само со одобрување на истите и нивна итна имплементација ќе се врати достоинството, моралот на полицаецот, а тоа е основната задача и обврска на овие синдикати. Враќање на достоинството на полицаецот, достоинствен

полицаец, задоволен граѓанин“, истакна Кирковски.

Во среда е најавен голем протест на полициските службеници од цела Македонија во Скопје.