Протест на Албанците во Пеќ против демаркацијата на границата со Црна Гора
Неколку илјади Албанци протсетираа денеска во Пеќ против демаркација на границата со Црна Гора, порачувајќи дека нема да дозволат косовска земја да и се подарува на Црна Гора.
Протестот бил организиран од опозициското движење „Самоопределување“, кое тврди дека во процесот на демаркација Подгорица добила дел од територијата на Косово.
Собирот го предводел некогашниот градоначалник на Пеќ, Али Лајци, кој претходно беше член на Демократското движење на Косово на премиерот Иса Мустафа, а на протестот присуствувал и лидерот на „Самоопределување“, Висар Имери.
Според Лајци, доколку Собранието го изгласа предлогот за демаркација, пратениците треба да знаат дека тоа ќе предизвика политички тензии и криза.
Полицијата соопшти дека протестот бил мирен и без инциденти.
Ново на Сител
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК