Живот
3. December 2019 - 13:23

Протеинските диети се опасни за здравјето - внимавајте!

Многу често високопротеинските диети се препорачуваат за брзо слабеење, без да се земе предвид фактот дека не смеат да траат долго и мора да се практикуваат внимателно, бидејќи се во исто време и ефикасни и ризични.

Според медицинските сознанија, диетите со голем процент на протеини во оброците, може да предизвикаат оштетувања на бубрезите и нарушување на нивната работа, дури и кај здравите личности.

Во најризична група се оние кои имаат семејна историја на бубрежни заболувања. Иако протеинските диети се промовираат како здрав и ефикасен начин на слабеење, мора да се биде внимателен со нив, бидејќи со нив се зголемува препорачаниот дневен внес на протеини дури и за 25%.

Поради тоа, пред да ја започнете која и да е диета, покрај позитивните искуства, информирајте се и за евентуалните негативни страни, бидејќи е невозможно овие режими да немаат ниту еден минус.