Протече таен документ на холандските разузнавачи за падот на авионот МН17
Протече таен документ на холандската воено разузнавачка и безбедносна служба за истрагата за падот на малезискиот авион на летот МН17, што беше соборен во јули 2014 година.
Досега се сметаше дека голема одговорност за соборувањето на авионот, во кој загинаа сите патници и членови на екипажот, ја има Русија, бидејќи авионот беше соборен над територијата на Украина, која беше под контрола на бунтовниците на кои поддршка им даваше токму Русија.
Но, според овој документ, до падот на авионот МН17 на „Малезија ерлајнс“ дошло во областите во кои рускиот ракетен систем Бук не бил распореден во време на трагедијата.
Според документот, што им бил испратен до холандските обвинители, авионот МН17 бил надвор од досегот на сите идентификувани и оператинви украински и руски локации на кои биле распоредени системите 9К37М1 Бук М1, пренесоа руските медиуми.
Холандскиот новинар Макс ван дер Верф изјави дека неговиот главен заклучок е дека Холанѓаните имале информации за „мобилните позиции на системот Бук во текот на судирот“.
-Оваа информација не ја имавме видено претходно. И холандската војска заклучи дека нема информации за било какви ракетни системи Бук во близина на МН17, наведе тој.
Објавени се вкупно четири документи , а според извештаите за позициите на Бук-от, објавен е транскрипт од разговорот меѓу германскиот независен новинар Били Сикс и австралиските полицајци.
Во текот на овој разговор Сикс споменува сведоци кои виделе украински борбени авиони на денот на несреќата. Со третиот документ се открива дека австралиските експерти, кои работеле на овој случај, анализирале редигирани слики.
Четвртиот документ претставува транскрипт од разговор меѓу холандските полицајци и неименуван очевидец, кој кажал дека видел два украински борбени авиони непосредно пред инцидентот. Неколку минути подоцна, како што навел, слушнал гласен тресок и видел како патничкиот авион паѓа.
Авионот „Боинг 777“ беше соборен над Доњецката област на 17 јули 2014 година на пат од Амстердам за Куала Лумпур. Притоа загинаа 298 патници и членови на екипажот, меѓу кои имаше и државјани на 10 земји.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка