Македонија
7. October 2016 - 16:41

Просветниот инспекторат потврди дека констатирал низа неправилности во работењето на МИТ

Низа неправилности во работењето на Универзитетот МИТ констатирал и државниот просветен инспекторат. При извршен инспекциски надзор по претставки на професори, инспекторатот поднел 21 решение за поништување на избори во звања вршени спротивно на Законот за Високо образование, со што било доведено во прашање функционирањето на универзитетот.

Извршени се и вонредни инспекциски надзори по претставки на студентии на барање на дипломатско претставништво во однос на запишување на студенти на неакредитирани факултети, дентална медицина, козметологија и физиотерапија, при што е извршен координирн инспекциски надзор од страна на неколку државни институции. Станува збор за упис на студенти на фиктивни факултети што е казниво по закон. Бидејќи овој надзор е во тек за исходот дополнително ќе информираме, потенцираше директорката на ДПИ Надица Николовска.

Во меѓувреме обвинителството за организирани криминал поднесе кривични пријави за петмината професори и асистентот од Економскиот факултет, осомничени во акцијата „Ерамус“, а истажната постапка за еден од професорите е запрена поради немање докази за извршено кривично дело.

Обвинителството ги товари обвинетите врз основа на докази што го потврдуваат основаното сомневање дека во повеќе наврати во подолг временски период, односно во текот на 2015 и 2016 година како лица вработени на Економскиот факултет – Скопје, искористувајќи ја својата положба сториле кривични дела“ се вели во соопштението на Обвинителството. 

Осомничените во акцијата „Еразмус“ која беше спроведена на 6 јуни годинава се товарат за „Примање поткуп“, „Злоупотреба на службената положба и овластување“ и „Примање награда за противзаконито влијание“. На осомничените професори им се одземени патните исправи и имаат забарана да држат предавања и други работни активности поврзани со кривичните дела.