Прославата на Илинден со богата музичка програма и концерти
Прославата на големиот национален празник „Илинден“, кој годинава се одбележува под мотото „Сите сме деца на Илинден“, во Крушево, почнува вечерта на 1 август на Гумење со церемонија за започнување на „10 дена Крушевска Република“, која ќе биде заокружена со богата музичка програма, соопшти владината прес-служба.
Свечената церемонија на 1 август почнува во 19:35 часот со интонирање на државната химна, по што ќе се обрати градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски. Со импровизирано пукање од црешовото топче и со огномет ќе биде означен почетокот на програмата, по што следува музичкиот дел.
Присутните гости во 20:30 часот ќе имаат можност да уживаат во изведбите на гитарските виртуози Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ. После нивниот настап, со почеток во 22 часот, сестраниот композитор, аранжер и клавијатурист Џијан Емин придружуван од Филхармонија и Здружението на џез-уметници (ЗЏМ) ќе одржи електро-акустичен концерт.
По концертната програма, на полноќ ќе биде изведен традиционалниот импровизиран напад на градот.
Свеченото одбележување на 116-годишнината од Илинденското востание и 75-години од Првото заседание на АСНОМ продолжува на 2 август, кога на Мечкин камен ќе биде одржана Централната свеченост по повод државниот празник Ден на Републиката – 2 Август, Илинден.
Дел од програмата, во рамки на прославата на Илинден, се и настапите на Ансамблот „Танец“, културно уметничкото друштво „Емин Дураку“ и мешаниот хор „Крушево“.
Ново на Сител
-
Затворени гласачките места за првиот круг од претседателските избори
-
Утре повеќе села и населби ќе останат без струја во Скопје
-
Бајден го потпиша законот за 61 милијарда долари воена помош за Украина
-
Бајден го потпиша законот за ТикТок
-
ДИК: Првичните неофицијални резултати ДИК ќе ги соопшти околу полноќ
-
Дачиќ: Потезите на Словенија ги нарушуваат односите
-
Најголема излезност во Карпош: Пресек на излезеноста во скопските општини до 17 часот
-
Во Општина Тетово до 17 часот гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупниот број гласачи