Проштална средба на евроамбасадорот Орав со вицепремиерот Адеми
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Арбр Адеми на денешната проштална средба со шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, амбасадорот Аиво Орав му се заблагодарил за неговиот ангажман и поддршка за време на неговиот мандат, се наведува во соопштенито од Секретаријатот за европски прашања.
- Беше истакната соработката и партнерството што евроамбасадорот Орав ги негуваше со Секретаријатот за европски прашања во спроведувањето на реформите поврзани со ЕУ, како и користењето на ИПА и другите ЕУ фондови, се додава во соопштението.
Адеми му посакал успех на Орав на неговата нова позиција со надеж дека и понатаму ќе остане пријател и поддржувач на нашата земја.
Соговорниците го поздравиле постигнувањето на политичкиот договор меѓу политичките партии и се согласиле дека сега е круцијална целосната имплементација на договореното, посочувајќи дека и натаму останува важноста на спроведувањето на Итните реформски приоритети низ инклузивен процес.
За време на средбата вицепремиерот Адеми истакнал дека и покрај тоа што Европската унија се соочува со сериозни предизвици како Брегзит, настаните во Турција, последните терористички напади во Ница во Франција и продолжената мигрантска криза кои ќе бараат голема ангажираност и фокусираност од страна на европските институции и земјите членки, тоа не би требало да се одрази на процесот на проширувањето и интеграцијата на земјите од Западен Балкан.
Во таа насока Адеми нагласил дека Македонија треба да се третира како дел од политичката мапа на Европската унија, од економски, геополитички причини, но исто толку ако не и поважно од безбедносни причини и обезбедување на стабилност на југоистокот на Европа.
На крајот од средбата вицепремиерот Адеми потенцирал дека од суштинска важност е да ја задржиме препораката за отворање на пристапните преговори бидејќи, како што додал, Република Македонија нема друга алтернатива освен целосна евроатлантска интеграција.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри