Loading Video...
Свет
16. May 2019 - 17:11

Проширување на ЕУ не беше тема на дебата на кандидатите за наследник на Јункер

Миграцијата, невработеноста  на младите во Европа, климатските промени и Брегзитот беа темите кои доминараа на првата телевизиска  дебата во која учестуваа шесте водечки кандидати за нов претседател на Европската комиија. За време на 90 минутната дебата кандидатите ништо не споемнаа  за   проширувањето   на унијата. Во трката за наследник на Јункер се натпреаваруваат Манфред Вебер од Европската народна партија, Франс Тимерманс кандидат на социјалдемократите, Маргарет Вестагер од Алијансата на либералите и демократите за Европа, Ска Келер од групата Зелени, Јан Захрадил од Алијансата на реформисти за Европа и Нико Куе од Европската левица. Вебер има најмногу шанси да стане прв човек на ЕК во ноември.