Македонија
8. March 2018 - 16:22

Проширената грчка нацрт-спогодба претставена пред кабинетот на Ципрас - Коѕијас лично ќе ја донесе во Скопје

Никос Коѕијас следната недела доаѓа во Скопје. Новата надополнете и проширена нацрт спогодба како понуда за надминување на проблемите ќе му ја предаде на Димитров. Грчките меидуми откриваат дека шефот на грчката дипломатија синоќа во владата во Атина на неформален состанок ги информирал своите колеги во кабинетот на Ципрас за деталите од документот.

Ифемеридие во својот текст посочува дека Грчкиот премиер е одлучен да го затвори прашањето за спорот со името, во период кога земјата има повеќе отворени прашања кои се важни.

- Грчката страна сака да одбегне содржината на документот да протече во јавноста за дипломатските консултации да не се вршат преку насловните страници на весниците, пишува Ифемеридиа.

И во овој текст сепак се посочува дека главна пречка останува промената на уставот во Македонија. Можноста за надминување на овој промблем ја понуди вчера потпретседателот на европскиот парламент Пападимулис кој вели дека преку меѓународен договор кој има надуставна моќ моиже да се замени времената спогодба од 95та.

Пратеникот од незавиосни грци кој е поптрпетседател на грчкиот парламент е песимист за решение. Димитрис Каменос е лут по провокациите од Заев.

- Заев бара меѓународоен договор, но вели дека нема да менува јазик, нема да менува устав, нема да менува ништо, само табли менува. Мислам дека на овој начин нема простор за решение. Овие луѓе не можат да ги сменат работите кои за нас се неопходни и за што се потребни гаранции, вели Каменос за Скај.  

Во интервјуто за ТВ Скај, Каменос ги оцени како хумористични изјавите на Заев за промена на уставот во Грција.