-->
-->
Проширен патот Неготино - Кавадарци
-->
Проширен е патот на излезот од Неготино кон Кавадарци, реализацијата на зафатот e на “Македонија пат”, во соработка со Државната агенција за патишта.
Петар Емшов, раководител на Македонија пат од Неготино, информираше дека проширувањето значи поголема прегледност и подобра безбедност за учесниците во сообраќајот.
-Ова е особено важно бидејќи на овој дел од патот каде има кривина, во минатото се случуваа сообраќајки. Токму затоа ова беше своевидна црна точка. За да се намалат незгодите, се симна дел од околната земјена површина која беше во државна сопственост. Проширувањето е од двете страни, некаде по околу 1.2 до 1.5 метри, соопшти Емшов.
Нагласи дека заедно со проширувањето, поставена е и соодветна патна сигнализација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата