Свет
8. November 2017 - 12:36

Просепаратистички демонстранти ја блокираа Каталонија

Во Каталонија денеска се одржуваат протести поради приведувањето на регионални политичари и издавањето на налог за апсење на разрешениот претседател на Владата на Каталонија, Карлес Пуџдемон и четворца негови поранешни министри, при што демонстрантите блокираат улици, автопати и железнички пруги во регионот. 

Поради протестите во Каталонија е отежнато или целосно запрено движењето низ десетици патишта, вклучително и главниот булевар во Барселона „Гран Виа“. 

Демонстрантите скандираат „слобода“ и најавуваат и нови протести до крајот на денот.