Бизнис
22. May 2023 - 16:34

Просечната плата во март е 34.925 денари, синдикатите бараат повеќе за да се покријат основните трошоци

Порастот на минималецот ја зголеми просечната плата во земјава. Статистика пресмета дека во март изнесувала скоро 35.000 денари, иако реалната плата, поради високата инфлација е намалена.   

Платите растеле скоро во сите сектори. Тоа, според Синдикатот било неминовно, за да се задржат работници. Сепак сметаат дека и овие примања се ниски, затоа што ни 2 минимални плати не ги покриваат месечните потреби.

Природно е да растат платите, растат и во останатите дејноти. Од секторок од каде доашам – градежништвото, гледам дека пораснале за 5,000 денари од просекот лани. Но, Синдикатот смета дека не треба да се зголемуваат платите за 1,000 или 2,000 денари. Ова покачување од 500 до 1,000 денари не е доволно за едно семесјтво да го преживее месецот, изјави Иван Пешевски, ССМ.

За пораст на платите на администативците, Синдикатот го чека следниот социоекономски совет, кој требало да се одржи минатата недела, но се одложил. За нив е неприфатливо она што власта им го нуди – скалесто зголемување  во следните 4,5 години, каде годишниот пораст би бил по 2,000 денари

Излезе една весела матаматика и по нивната методологија  од јануари до јануари 2028 та годиниа платите гиодишно би се зголелувале по 2,000 денари. Тоа за нас е неприфатливи, додава Пешевски.

Инаку, највиски плати се исплаќаат во ИТ секторот. Програмерите месечно земаат   над  90 илјади денари., фармацијката над 55,   финансиските дејнсоти над 51,000 денари