Бизнис
22. December 2016 - 19:45

Просечната нето плата во октомври е 22.460 денари

Највисоката исплатена просечна плата во земјава е близу 60. 000 денари.

Вработените во воздухопловниот транспор во октомври заработиле  просечна плата од 57. 804 денари, во  фармацијата 44 .828 денари , а во секторот компјутероско програмирање за истит месец им била исплатена просечна  плата од 49 . 112 денари. Статистика ги евидентира највисоките плати во овие сектори.  По нив следи телекомуникацискиот сектор со просечна плата од 40 873 денари,енергетика со 37 884 денари. Кај финансиските услуги и дејности за осигурување  пак била исплатена просечна плата од 32. 812 денари.

Според статистикатата просечната  нето плата во змејава има раст од 1,9 отсто и во октоврми годинава изнесува 22 460 денари.

По сектори најголемо зголемување на просечната плата е регистрирано во градежништвото од 6,5 отсто, во админситративни и помошни услужни дејности  од 5,8 проценти  и кај објектите за сместување и сервисни дејности со храна од 5,7 отсто. Зголемување е регистриран и во секорот рударство и вадење на камен од 3,6 проценти.

Просечната нето плата по вработен во октомври изнесува 22. 460 денари.

Во октомври 1,1 отсто до вработените во змејава не примиле плата.