Пропадна најстарата светска туристичка компанија, стотици илјади туристи се заглавени низ светот
Најстарата патничка агенција во светот Томас Кук банкротираше поради огромни долгови при што стотици илјади туристи се заглавени во странски држави бидејќи нивните хотели и летови не се платени.
Директорот на компанијата, Петер Фанкхаузер, рече дека жали што бизнисот пропаднал откако не успеале да позајмат средства за спас на работењето.
Британската агенција за цивилно воздухопловство (ЦАА) објави дека ќе работи со владата за да донесе повеќе од 150.000 британски туристи дома во следните две недели.
„Би сакал да се извинам на милиони наши клиенти и илјадници вработени, добавувачи и партнери кои не поддржуваа многу години“, рече Франкхаузер.
Владата и регулаторот за воздухопловство најавија дека ќе има некои пречки бидејќи станува збор за голема криза.
„Томас Кук ја замрзна својата работа и сите негови летови се откажани“, наведува ЦАА.
Тоа е една од најстарите британски компании што започна да работи во 1841 година и преживеа две светски војни. Томас Кук беше првата агенција во Европа што понуди туристички аранжмани.
Компанијата сега има хотели, одморалишта и авиолинии што ги користат 19 милиони луѓе годишно во 16 земји. Во странство во моментот се 600.000 луѓе, поради што нивните влади и осигурителни компании треба да изготват план да ги вратат дома.
Најмалку 140.000 Германци се „заробени“ во странство.
Томас Кук се обрати до Високиот суд во Лондон, откако преговорите за дополнително финансирање пропаднаа поради огромните долгови од 2,1 милијарди долари.
Компанијата соопшти дека бара 250 милиони американски долари за да се избегне банкрот, и беше во разговори со акционерите и доверителите. Томас Кук се соочи со конкуренција преку Интернет, променлив пазар и геополитички настани што влијаеја на летната сезона. Минатогодишниот топлотен удар во Европа, исто така, влијаеше на бизнисот, при што клиенти ги откажуваа аранжманите.
Туристите сега се заглавени во странски земји затоа што нивните хотели не се платени.
На долг рок, падот на компанијата би можел да ги погоди економиите на Шпанија и Турција, кои се нејзините најголеми дестинации, и да остави добавувачи на гориво непрофитабилни и да предизвика стотици туристички агенти да ги загубат своите работни места во Велика Британија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација