Живот
26. February 2019 - 15:39

Пронашле мртов кит од 8 метри среде шума: Научниците се збунети од оваа голема мистерија

На брегот на Амазон, мештаните пред некој ден забележале мршојадци како кружат над мртов грбав кит.

Тоа можеби и не е толку чудно да не беше пронајден на копно, на околу 15 метри од реката.

Биолозите се упатија на местото на настанот да испитаат што точно му се случило на овој цицач.

Кога стигнале, уште една работа ги зачудила - китот воопшто немал видливи рани.

Китот се насукал во текот на зимата, кога поплавите се чести, но мистеријата е поголема зошто китовите обично доаѓаат во оваа област на лето.

Утврдено е дека китот е стар околу година дена, а бил долг околу 8 метри. Научниците зеле примероци за да ја утврдат причината за смртта.

„Го откривме само затоа што ги видовме мршојадците, трупот беше скриен во жбунот“, наведоа научниците.