Македонија
26. November 2021 - 12:57

Пронајдено уште едно тело при дополнителен преглед на опожарениот автобус во Бугарија

При дополнителен преглед во опожарениот автобус на автопатот „Струма“ во Бугарија пронајдено уште едно 45-то тело. Информацијата ја потврди заменик главниот обвинител и шеф на Националната истражна служба Борислав Сарафов, пренесе БНР .

Информацијата за „Хоризонт“ ја потврди заменик главниот обвинител и началник на Националната истражна служба Борислав Сарафов:

„Во 21.15 часот во трагичната ноќ преку „Капитан Андреево“ влегле 52 патници, од кои 45 ги затекнавме во автобусот, 7 се во „Пирогов“, рече тој.

Сарафов рече и дека истражителот и обвинителот се упатени во Скопје ќе останат таму најдоцна до недела. Мора да ја донесат документацијата поврзана со опожарениот автобус и ДНК профилите на роднините на загинатите. Веднаш потоа ќе започне идентификацијата на жртвите од инцидентот.