Живот
24. April 2018 - 10:03

Пронајдено украденото срце на богата француска кралица

Француската полиција го пронајде украденото балсамирано срце на кралицата Ан од Бретања која живеела во 16. век. Археолошкиот артефакт кој минатата недела беше украден од Музејот на Нант, е најден во градот Сен Назер на западот на земјата.

Срцето било сместено во златно ковчеже, коешто заедно со други украдени предмети, како што се претпоставува, требало да бидат претопени поради златото.

Ан од Бретања е единствена жена која двапати била крунисана за кралица во Франција. Кралицата се прво се омажила за Шарл Осми во 1491 година, а потоа, во 1498 година и за неговиот роднина Луј Дванаесетти. Важела за една од најбогатите жени во Европа.