Македонија
2. September 2015 - 14:42

Пронајдено телото на турскиот државјанин во Мавровско езеро

Членови на Спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ од Скопје, вчера околу 16:00 часот по дводневно пребарување во водите на Мавровското Езеро, во атарот на с. Леуново го пронашле безживотното тело на турскиот државјанин Ватансевер С.(66) од Истанбул, информира денеска МВР. Телото било пронајдено на околу 200 метри од брегот.

Ватансевер С. пред два дена пливајќи кон спротивниот брег исчезнал во Мавровското Езеро.

Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар излезгле на местото на настанот и извршиле увид .По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.