Балкан
5. September 2016 - 21:20

Пронајдено телото на исчезнатото момче - Невидена трагедија во Ниш

Телото на 10-годишното момче од Ниш, Сејдо Маличевиќ, чие исчезнување беше објавено на 2 септември 2016. година, денеска е пронајдено во близина на Медошевачкиот мост, соопштиле од полицијата.
 
Неговот тело испливало од реката Нишава.
 
Увид на местото на настанот извршил заменикот на јавното обвинителство во Ниш.
Неговата мајка, Дијана Јовиќ, изјавила дека го пратила до продавница, меѓутоа момчето не стигнало до неа.