Македонија
21. July 2018 - 12:33

Пронајдено телото на исчезнатото лице од Дебар

На 21.07.2018 година во 06,30 часот било пријавено дека во водите на Дебарско Езеро од страна на рибар, пронајдено било телото на Ј.К. (54) од Дебар, кој бил пријавен за исчезнат на 19 јули. На местото на настанот бил извршен увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Дебар. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.