Македонија
25. April 2021 - 16:54

Пронајдено тело во Вардар кај скопско Огњанци

Во водите на Вардар кај скопското село Огњанци е пронајдено тело, најверојано на машко лице.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека вчера во  11.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Огњанци, во водите на реката Вардар, било пронајдено тело, најверојатно на машко лице. Телото било извадено од реката и предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Се работи на расчистување на случајот.