Македонија
14. May 2020 - 11:13

Пронајдено оружје кај жител на Арачиново

Денеска, врз основа на наредба од Основен суд Скопје 1, во координирана акција помеѓу Одделот за криминалистичка полиција и Единицата за недозволена трговија со одрога и оружје при СВР Скопје, бил извршен претрес во домот на Б.Н. од с.Арачиново, скопско. При претресот биле пронајдени и одземени една автоматска пушка со една рамка со 29 куршуми, пиштол „Глок 19“ со три рамки и 63 куршуми калибар 9 мм.

Б.Н. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.