Живот
27. July 2018 - 14:56

Пронајдено морско чудовиште: Луѓето преплашени, а експерт објасни какво животно е ова

На плажата Хигинс на североистокот од САД морето исфрли мистериозно суштетество, кое луѓето го нарекоа „морско чудовиште”.

Посетителите на оваа плажа пронашле суштество кое било во фаза на распаѓање.

-Беше на исфрлено на брегот. Огромно е!, изјавил Крис Блер од службата за надзор и контрола на животни.

Корисниците на социјалните мрежи го опишаа како „некој вид на морски вонземјанин” и како “летечкото животно од Недојдија”.

Иако се мислеше дека станува збор за кит, сепак експертот за ајкули од Флорида, Џорџ Барџес, брзо го идентификуваше суштетстовото како вид на ајкула која е позната под името „големо куче” (Cetorhinus maximus).