Пронајдено малолетното девојче од кочанско Оризари што беше пријавено за исчезнато
Среќен крај за семејството Николови има потрагата по нивната 15-годишна ќерка Наташа од кочанско Оризари, која во полицијата беше пријавена како исчезната.
Ноќеска пред полноќ таа се вратила во својот дом, по што е прекината акцијата за нејзино пронаоѓање, во која освен роднините и други граѓани, беа вклучени и дел од институциите.
– Ноќеска по 23 часот девојчето си дојде само, во релативно добра здравствена состојба, физички исцрпено, но без видливи траги на насилство или малтретирање. Сепак, поради неопходното закрепнување, во болницата во Кочани ја добива потребната лекарска грижа. Во име на смејството сакам да се заблагодарам на сите кои се вклучија и помогнаа во потрагата и вакви случаи воопшто да нема, истакна Драги Серафимов, роднина на исчезнатото девојче.
Од Локалната самоуправа на Кочани информираа дека во координација со водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани вчера попладне била запрена водата во десниот магистрален канал, за да се истражува по целата негова должина. Центарот за управување со кризи и Министерството за внатрешни работи најавиле дека ќе испратат стотина припадници од специјалните единици за да се вклучат во потрагата, но рано утрово активностите се прекинати.
Се очекува во текот на денот полицијата да ја заврши истрагата и да излезе со официјално соопштение за случајот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација