-->
-->
Пронајдено јапонско дете оставено во шума: 6 дена се криело во напуштена колиба
-->
Седумгодишно дете преживеало шест дена само во шума откако неговите родители го оставиле под казна на островот Хоакидо во Јапонија.
Малиот Јамато Танука го пронашле војници во една колиба во воената база каде изведувале воени вежби. По лекарските прегледи било утврдено дека имал само неколку гребнатинки и дека детето не било испаничено кога го нашле.
Родителите на Јамато го оставиле надвор од автомобилот поради неговото лошо однесување, а претходно на полицијата и соопштиле дека исчезнал при планинарење. Подоцна признале дека детето било немирно, фрлало камења на автомобили и по луѓе и дека само сакале да го казнат така што ќе го остават сам, надвор од автомобилот, на пет минути, но дека тој исчезнал кога се вратиле по него.
Јапонските медуми наведуваат дека родителите, откако го оставиле само детето, се оддалечиле околу 500 метри и потоа се вратиле но него го немало. Таткото на детето кога го видел повторно веднаш му се извинил на синот и признал дека „отишол предалеку“ со казната. Јамата пак му простил и рекол дека „се е во ред“ по што го прегрнал. Детето имало прилично ниска температура и бил гладен и жеден кога го пронашол војник во барака во воената база каде имало вода за пиење. Пронајден е на 5 километри од местото каде што родителите го исфрлиле од автомобилот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња