Пронајдено исчезнатото девојче од Кичевско
Пронајдено е двегодишното девојче кое синоќа беше пријавено за исчезнато кај селото Кленоец.
- Девојчето е живо и здраво. Пронајдено е меѓу селата Кленоец и Извор во дол, околу 15 часот. Детето го пронајдоа полициски службеници кои од утрово пребаруваа, а имаше вклучено кучиња трагачи и дрон. Врз детето ќе се изврши медицински преглед и разговор со претставник од Центарот за социјални работи, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Тој додаде дека се работи за акција која почнала синоќа во 21.10 часот од полицијаците од Кичево и месното население, по добивањето на пријавата за исчезнување.
- Потрагата траеше до доцна во ноќта, а продолжи утрово со околу 20 полицајци и населението. Теренот беше многу лош и тешко пристапен, но со добра организација девојчето е пронајдено, рече Димоски.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка