Македонија
31. August 2020 - 11:54

Пронајдено безживотно тело во водите на Вардар кај Велес

На 30.08.2020 околу 10.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во водите на реката Вардар било забележано тело на починато лице. Полициски службеници од СВР Велес и припадници од противпожарната единица од Велес, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување излегле на местото на настанот и по преземените мерки во 13.20 часот на место каде реката Бабуна се влева во реката Вардар било извадено телото за кое било утврдено дека е на С.Д.(51) од с.Рлевци, велешко, а за кој било пријавено дека исчезнал на 06.08.2020 во 14.45 часот во водите на река Вардар, атар на с.Белештевица. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. За настанот бил известен јавен обвинител по чија наредба ќе се изврши обдукција.