Македонија
23. October 2020 - 17:21

Пронајдени тројца мигранти од Сирија во беровско

Вчера во 19,35 часот од полициски службеници  од Полициската станица Берово и Регионалниот центар за гранични работи Исток на крстосницата “Брик“-Берово било забележано патничко моторно возило “пежо 307“ со бугарски национални ознаки  кое на даден знак не застанало, стои во соопштението од МВР.

По преземени мерки кај раскрсницата за село Ратево, било пронајдено возилото, а биле пронајдени и три лица – мигранти од Сирија.

За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.