Македонија
11. јуни 2021 - 11:32

Пронајдени три стари гранати во близина на градскиот стадион во Битола

Вчера во СВР Битола било пријавено дека при изведување на градежни работи во близина на градскиот стадионот под Тумбе Кафе биле пронајдени три стари гранати, соопштија од МВР.

Вработен во Дирекцијата за заштита и спасување ги подигнал гранатите и констатирал дека станува збор за артилериски гранати калибар 75 мм од Првата светска војна.